За враќање километража – следува 4 годишна затворска казна!

ОБЈАВЕНО НА:

Препродавачите на половни возила се веќе истренирани и знаат како да манипулираат со километражата на автомобилите што ги продаваат, и така ги ставаат во заблуда оние што сакаат да ги купат. И тоа е се почеста ситуација, иако во многу земји тоа е забрането. Во некои земји сегаа казните се драстични.

Нов предлог-закон е поднесен за разгледување во законодавното собрание на Петербург, и предвидува ефективно лишување од слобода за продавачите на користени автомобили, кои манипулираат со километражата соопштува агенцијата ТАСС. Пратениците од северната престолнина на Русија предлагаат измени во Кривичниот законик на РФ, со кои би се казниле и други обиди за доведување во заблуда на купувачите на продаваните автомобили.

Новиот член од НК насловен како “измами при продажба на автомобил”, вклучува казни за бескрупулозните продавачи на возила од втора рака, кои премолчуваат пред купувачите за претходни штета што ги имало возилото. Предложената санкција е парична казна од 500.000 рубли (6.837 евра) и 360 часа принудна работа.

За промена на километражата на одомерот и обезбедување на услуги за враќање на километражата се предвидува затворска казна во траење до 4 години и парична казна во износ до 1 милиони. рубљи (13.674 евра). Авторите на законот сметаат дека степенот на казната треба да зависи од различни фактори како марката на возилото и километражата што е “изгубена” при манипулацијата.

Ако биде усвоен од законодавното собрание на Петербург, законот ќе биде доставен за разгледување во Државната дума на Руската Федерација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK