За регистарски таблички бараат 24 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Регистaрските таблички на возилото се како вашата лична карта, ве идентификува и разликува од другите. Но некои сакаат да имаат што е можно поедноставни, поуникатни регистерски таблички на возилата, да бидат персонализирани и за истите се подготвени да платат и цело богатство.

На сајтот OpenSea се продаваат калифорниски регистарски таблички кои ги содржат само буквите „MM“, а нивната цена е дури 24,4 милиони долари. Ако се продадат, односно некој ги купи, ќе стане сопственик на најскапите регистерски таблички во светот.

Во Калифорнија има регистрирани повеќе од 35 милиони возила, а секое од нив има единствени регистарски таблички со меѓу два и седум знаци. Некои примероците на Bugatti Chiron и LaFerrari имаат таблички со само три знаци, но примероците со два знака се исклучително ретки во САД. Покрај тоа, табелите со две исти букви се уште поретки во Калифорнија.

Калифорниските таблички „MM“ се една од само 35 копии со два карактераво САД. Токенот NFT, кој обезбедува пристап до дигитални податоци ја докажува автентичноста е дополнителна вредност на табличките. QR кодот и идентификацискиот број на NFT се ласерски отпечатени на задната страна од регистарската табличка. Овие регистарски таблички може да ги користи новиот сопственик на кој било автомобил.

Досега, најскапите таблички продадени во САД се платени 676.000 долари и го содржеле само бројот 11.

Најскапите регистерски таблички во светот се платени 14,8 милиони долари во 2009 година во Абу Даби, а тие се само број 1.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK