За поголема безбедност: Системите на Continental сега ќе откриваат и заборавени деца во возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Continental го прошири својот систем за дигитален пристап CoSmA со функција за детекција на присуство на деца (CPD) во возилото за уште поголема безбедност на патниците. Кога надворешните температури достигнуваат 30 степени Целзиусови, температурите во автомобилот може да достигнат и до 45 степени во рок од половина час.

Ова има потенцијал да биде опасно по живот за малите деца, како што е истражено од Универзитетот во Џорџија. Како последица на тоа, речиси 40 деца во САД годишно умираат од топлотен удар во автомобилот, според Националниот совет за безбедност.

Функцијата за детекција на присуство на деца на Continental користи технологија со ултра широкопојасен опсег (UWB) за да спречи такви трагедии во иднина. Открива дете во кабината и испраќа предупредување за неколку секунди.
Функцијата CPD, исто така, ги опфаќа потребите на производителот на возилата за исполнување на безбедносните цели во кабината со оглед на претстојниот безбедносен рејтинг на Euro NCAP и американските регулативи, кои водат кон новите барања за безбедност на децата во возилото до 2025 година.

За да се препознаат оставенкте деца во внатрешноста, широкопојасниот систем работи во таканаречениот рефлективен режим. На овој начин, тој добива назад ултра широкопојасни сигнали што претходно ги испраќал преку микродвижењата на некој објект.

Continental го лансираше решението за дигитален пристап CoSmA со ултра широкопојасен пристап во 2021 година. Клучот од автомобилот е дигитализиран и функцијата за пристап е интегрирана директно во паметниот телефон на возачот. Во својата најнова верзија, CoSmA со ултра широкопојасна технологија нуди високо ниво на удобност со подобрена безбедност од таканаречените релејни напади (човек-во-средината).

Алгоритам им овозможува на примопредавателите со ултра широк опсег да разликуваат со сантиметарска точност помеѓу внатрешните и надворешните локации на дигиталните клучеви. Ова овозможува бесконтактен пристап и стартување на моторот без возачот да го подигне својот паметен телефон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK