За два месеци мина 16.000 километри со електромобил (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Полскиот авантурист Марек Камински со својот електромобил Nissan Leaf успеа за 60 дена да измине 16.000 километри притоа минувајќи растојание од својата земја до Јапонија. Камински е познат како единствениот човек кој успеал да ги покори двата пола на планетата во рамки на една календарска година.

Патешествието на Марек почнало од полскиот град Закопане, а притоа минал низ седум држави на два континенти. Патувал низ Литванија, Белорусија, Русија, Монголија, Кина, Јужна Кореја и Јапонија, каде ја имал последната дестинација во Токио.

Камински вели дека изборот за превозно средство било со желба да докаже дека електромобилите се практични и за долги патувања дури и за најдивите места. Полјакот тврди дека успевал да најде каде да го наполни автомобилот и тоа и на места „далеку од цивилизацијата со инфраструктура на санитарниот минимум“.

Марек со себе имал различни комплети на кабли и уреди за полнење, кои дозволуваат полнење од мрежи на струја со различна сила од 6 до 25 ампери. Во најдобрата варијанта капацитетот на батеријата на Leaf се полнела за 4 до 5 часа.

Nissan ја претстави втората генерација на Leaf во септември минатата година. Хечбекот има електромотор со моќност од 150 коњски сили и јон-литиумови батерии со капацитет од 40 кВтч. Со едно полнење можат да бидат минати 378 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK