VW и Microsoft заедно ќе развиваат софтвер за автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Двата гиганти во своите дејности, Volkswagen во автомобилската и Microsoft во информационата, заедно ќе развиваат софтвер наменет за автомобилите на VW Групацијата.

Двете компании ќе работат заедно на развој на VAC (Volkswagen Automotive Cloud) кој според компаниите ќе биде најголемиот клауд во индустријата. Истиот ќе се базира на платформата на Azure која е развиена од Microsoft, а во иднина ќе биде користена за продуцирање на дигитални услуги и мобилност кај автомобилите на Volkswagen и останатите автомобили од брендовите во рамките на VW Групацијата.

“Стратегиското партнерство со Microsoft ќе ја забрза нашата дигитална трансформација” изјави првиот човек на VW, Хербер Дис кој додаде дека Volkswagen како најголем авто производител и технолошката експертиза на Microsoft ќе помогнат во обликувањето на авто-мобилноста.

Очекувањата се дека во 2020 година повеќе од 5 милиони нови автомобили од Volkswagen ќе бидат целосно дел од овој клауд. Ова ќе овозможи производителот да го оптимизира интерконектирањето на возилото, клауд базираната платформа и клиентот односно возачот во т.н. “Volkswagen We” екосистемот преку кои ќе се продуцираат најразлични дигитални услуги.

Задоволството од воспоставената соработка не го криеше ниту извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела кој изјави дека двете компании заедно ќе го подобрат возачкото искуство за луѓето насекаде во светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK