VW Golf 3 и ништо не е невозможно (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Уште едно од низата видеа кое го покажува правото лице на Golf моделите. Имено модел од третата генерација на легендарниот модел на Volkswagen успеа да извлече тежок автобус на снежен терен.

Видеото е снимено во местото Киркхајм во околината на германскиот град Штутгарт.

Возач со Golf опремен со дизелски агрегат од 90 КС успеа да го одглави сообраќајот откако успешно го придвижи заглавениот автобус на јавниот превоз.

Видеото кое стана преку ноќ популарно помеѓу фановите на Голф, можете да го погледнете во продолжение.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK