Врзувајте се со ремени – за да не летате како куклите во видеото (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијaта Ford го тестираше својот СУВ модел Explorer 1998 година сакајќи да покаже колку е цврста каросеријата на возилото. Краш тестот е направен на поинаков начин и овој пат немаше фронтален или страничен симулиран судар. Ford симулираше превртување на возилото.

Компанијата важи за една од оние што секогаш се обидува да им објасни на сите за важноста на користењето на безбедносните системите, да претпазливо возење и пред се зголемена безбедност што е особено важна на патиштата. Тие вложуваат многу средства и време во развивање на различни безбедносни системи што му користат на возачот.

И во тестот навистина Explorer ја докажа својата цврстина, но истовреме покажа уште нешто, а тоа е дека куклите во возилото не биле врзани со сигурносните појаси и на снимките може да се види како тоа изгледа.

Иако се работи за кукли, овие снимки ве тераат добро да се замислите.

Ова е уште еден доказ дека врзувањето на сигурносните ремени нема алтернатива во прометот… Ford секогаш водел сметка за безбедноста на патниците, а ова еуште еден доказ дека морате да ги користите ремените.

Ford со двете снимки предупредува на важноста која ја имаат сигурносните ремени. Затоа секогаш кога се возите користете ги ремените, може да ви го спасат животот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK