сабота, 25 јули, 2025 година

Volkswagen со необичен јубилеј – 45 години VW кобасици

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Невообичаен јубилеј прославува Volkswagen оваа година. Најголемиот германски производител оваа година прославува 45 години, верувале или не, од почетокот на производството на кобасици.

Се започа во далечната 1973 година кога Volkswagen започна со производство на кобасици наменети исклучиво за мензите во сопствените фабрики. Со текот на времето популарноста на овие кобасици, поради невообичаениот вкус станувал се поголем па VW истите започнада ги дистрибуира во локалните продавници кои гравитираа околу фабриките.

- Advertisement -

Денес овие кобасици може да се најдат во најголем дел од продавниците во Германија, а минатата година Volkswagen направи и продаде 6.8 милиони парчиња одо овој т.н. кари кобас.

Со тоа продажбата на кобасици е на исто ниво со продажбата на автомобили, а иако автомобилскиот сектор е далеку попрофитабилен, Volkswagen добива и дополнителен приход од производството на храна. Кобасиците во најголем дел се произведуваат од свинско месо и тоа во фабриката во Волфсбург, а од неодамна се започна со производство на нова линија која ја сочинуваат т.н. вегетаријански кобасици.

VW kobasice

Како што пренесуваат германските медиуми, Volkswagen во наредниот период планира значително да го прошири својот асортиман на месни производи, па не би требало да ни биде чудно и доколку во блиска иднина се започне со отворањето на VW месарници.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја