Vоlkswаgеn: Моторите со внатрешно согорување уште долго ќе живеат

ОБЈАВЕНО НА:

Главните лица во компанијата од Волфсбург се убедени дека моторите со внатрешно согорување уште го немаат кажано последниот збор. Тие сметаат дека дури и да се вложуваат огромни средства во областа на електрична мобилност моторите со внатрешно согорување уште ќе бидат присутни. Според Матијас Рабе класичните бензин и дизел мотори имаат шанса да постојат уште долго благодарение на синтетичките горива.

Менаџерот смета дека димензиите и тежината на сега искористените акумулатори во електромобилите и хибридите се сериозен недостаток, кој само ќе го забрза развојот на новите горива. Според Рабе сè построгите стандарди на штетните гасови не значат непростливо откажување од моторите со внатрешно согорување и во Vоlkswаgеn планираат да продолжат да ги користат уште барем 10 години.

„Ако ја земете за пример авијациската индустрија, откажувањето од традиционалните горива е невозможен, со оглед на тоа што нема како авионите да бидат електрични. Ќе нема како да го прелетуваат Атлантскиот океан“, вели Рабе.

Мислењето во Vоlkswаgеn го имаат и во Bоsсh, според чии експерти условите на договорот од Париз за намалување на емисиите на CO2 до нивото од пред индустриската епоха можат да бидат зачувани единствено преку синтеза на горива од возобновени извори. Идејата е за производство на бензин, дизел, гас и керозин да се користи еколошки добиена електрична енергија, што веќе е технички возможно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK