Volkswagen лансира станици за полнење електромобили во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Одделението за компоненти на VW Group- Volkswagen Group Components, објави дека заедно со кинескиот стартап Shanghai DU-POWER New Energy Technical ќе почне производство на брзи станици за полнење во Кина. Првите инсталации, кои исто така ќе почнат да се поставуваат и во Европа во текот на оваа година, се очекува да бидат поставени во втората половина.

„Соодветна инфраструктура за полнење е клучна за успехот на електромобилите. Како резултат на тоа планираниот потфат со DU-POWER претставува огромен чекор на патот на утврдување на електричната мобилност. Иновацискиот дизајн на нашата мобилна станица за брзо полнење има огромен потенцијал во Кина, вклучително и поради брзиот развој на електричната мобилност“, вели извршниот директор на Volkswagen Group Components, Томас Шмал.

Мобилната станица за брзо полнење (150 kW) на електромобили на Volkswagen нуди сериозна предност, благодарение на големината на компаниите и можноста за интегрирање во какви било услови, сè додека постои инфраструктура за пренос на електрична енергија. Инсталацијата доаѓа со интегрирани батериски модули, кои се користат како тампон и нудат функционирање дури и кога не постои континуирано снабдување со електрична енергија или распоредување на енергетска ефикасност.

Инсталацијата за полнење на Volkswagen дозволува поврзување на алтернативни извори на електрична енергија, како и можност за употреба на користени батериски елементи од електромобилите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK