Во ваков автомобил се возел Борис Елцин – сега се продава за 900.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин сега се вози со модел на автомобил произведен од домашна компанија. Aurus е интересен за многумина, па и Арапите решија да бидат акционери во компанијата што го произведува. Луксузниот бренд Aurus направи дури и параден кабриолет за потребите на Путин.

Но, во каков модел се возел еден од претходниците на Руската Федерација, Борис Елцин. Тој беше на чело на државата во периодот од јули 1991 година до декмеври 1999 година и беше првиот претседател на Русија. Починал во 2007 година.

Во времето додека ја извршувал функцијата за потребите користел модел на Mercedes Benz S500 кој бил блиндиран. Подоцна автомобилот бил продаден и негов нов сопственик станал жител на Москва. Сега истото возило го нуди на продажба – и бара за него 867.632 евра (68,5 милиони рубљи)

Моделот бил модифициран од германската компанија Trasco Bremen GmbH во 1994 година. Возилото има поминато помалку од 49.000 км. што е речиси ништо за 5 литарскиот 8 -цилиндричен мотор со моќност од 320 КС.

Нема многу податоци за состојбата на возилото освен дека било чувано во специјална просторија и дека досега истото имало два сопственици.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK