Во светот ова е најпопуларна боја за 2020 година – Само Европа се разликува (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Белата е најпопуларната боја во светот за оваа година, покажува истражувањето спроведено од страна на Axalta.

Оваа боја се наоѓа на 38% од возилата во светот. Истата е најпопуларна во Азија каде секое второ возило е со оваа боја. Со 46% е процентот на застапеност во Африка, 41% во Јужна Америка, 33% во Русија, а 30% во Северна Америка. На сите овие континенти таа е најпопуларната боја.

Втора најпопуларна боја во светот е црната која ја има на 19% од возилата. Следи сивата со 15% и сребрената со 9%. На петтата позиција со 7% е сината, а 5% од возилата се со црвена боја. Кафеавата, жолтата и зелената следат со 3%, 2% и 1%.

Во Европа, најпопуларна боја е сивата со 25%. Исто колку и белата. Следи црната со 21%, сината со 10%, сребрената со 9%, црвената со 5% и кафеавата со 3%.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK