Во Русија се продава кожен автомобил (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Првично автомобилот бил наменета за кралицата на Велика Британија, но првичниот план се изјалови.

Автомобил во кој со природна кожа е преслечено буквално сé, па дури и моторот, се продава во Русија. Таков оглас се појави на 3 октомври 2020 година на рускиот сајт за продажба на автомобили „авто.ру“. Необичното кожно возило се базира на верзијата Toyota Crown IX (S140) направена 1995 година по специјална нарачка. Автомобилот го добил називот „Амулет“ (амајлија), има мотор од 2,5 литри и 230 коњски сили. Има поминато само 10.000 км. пренесува сајтот Russia Beyond

Каросеријата е тапацирана со кожа од шумски бизон, соопштува магазинот auto.ru. Кожата е ламинирана за да не се расипе поради промената на временските прилики и дејството на реагенсите. Според продавачот, каросеријата може да се пере во обична авто-перална.

Автомобилот е „дотеран“ пред најмалку пет години и тогаш бил на продажба за 88 милиони рубли (околу еден милион долари по тогашниот курс). Во новиот оглас е наведена цена од 25 милиони рубли (315.700 долари).

Русија – кожен автомобил

Каросеријата е тапацирана со кожа од шумски бизон, соопштува магазинот auto.ru. Кожата е ламинирана за да не се расипе поради промената на временските прилики и дејството на реагенсите. Според продавачот, каросеријата може да се пере во обична авто-перална. Автомобилот е „дотеран“ пред најмалку пет години и тогаш бил на продажба за 88 милиони рубли (околу еден милион долари по тогашниот курс). Во новиот оглас е наведена цена од 25 милиони рубли (315.700 долари).

„Може да се потопи, исуши и понатаму да се вози“, раскажува човекот кој 2015 година во репортажа на телевизијата „Русија 1“ е претставен како Валера Мајсторот. Веројатно тој е авторот на огласот. Продавачот не одговори на телефонскиот повик од редакцијата на Russia Beyond.

Деловите на моторот се исто така тапацирани со кожа и вештачки дијаманти, а на каросеријата и во кабината има симболика инспирирана од старословенскиот стил. Автор на цртежите е сликарот Михаил Золотов.

Плафонот на кабината е преслечен со крзно од сибирски визон, а одделни детали со крзно на скандинавска куна, додека задното седиште е преслечено со баргузински самур.

Во репортажата телевизијата „Русија 1“ од пред пет години се соопштува дека „тјунингот“ го нарачал руски олигарх.

Наводно било планирано да ѝ го подари автомобилот на кралицата на Велика Британија Елизабета II, но неочекувано умрел, без да стигне да ѝ го врачи подарокот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK