Во напуштена штала нашле Mercedes 300SL Roadster – вреди најмалку 3 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Кога би нашле стар автомобил во некоја штала, гаража, работилница… полн со прашина сигурно би се израдувале, но тоа исто така може да ви донесе и заработка. Нормално, во зависност од тоа колку сантиметри прашина има на возилото. Не дека тоа е најважното, но од тоа може да зависи и колку време тој автомобил бил скриен.

Во напуштена штала во американската држава Индијана е пронајден Mercedes 300 SL Roadster произведен во 1960 година. Станува збор за автомобил кој 40 години се наоѓал во напуштената штала. Автомобилот е пронајден откако сопственикот починал па при продажба на имотот претставници на агенцијата за недвижности го затекнале во шталата.

Она што е познато е дека сопственикот пред да го купи овој примерок буквално ја поминал цела Америка па на крајот во 1976 година станува сопственик на истиот. Иако заљубен во овој автомоби, тој поминува само 22 илјади километри пред да го паркира во 1980 година.

Mercedes 300SL Roadster

Овој автомобил е многу популарен и ценет помеѓу колекционерите особено поради т.н. гулвинг вратите. За прв пат се појавува во 1952 година кога е произведен во спортска изведба додека купе и кабрио изведбата се појавуваат две години подоцна. Во фабриката во Штутгарт каде што и се произведуваше, во периодот од 1952 до 1963 година се произвеле само 6.500 примероци.

Еден ваков примерок произведен во 1963 година пред речиси две години е продден за 3.143.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK