Во музејот на Porsche со дрон (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche на својот YouTube канал објави кратко видео од својот музеј. При тоа видеото е снимено со дрон што го прави уште повозбудливо.

Музејот на Porsche, кој се наоѓа во Штутгарт, а кој е основан во 1976 година, во моментов поради рестрикциите воведени поради коронавирусот не работи, па токму поради тоа германскиот производител го објави видеото.

На видеото може да се забележат бројни ретки модели како Porsche Type 804, Porsche 917, Porsche 962C, McLaren TAG Porsche F1, Porsche 911 GT1, Porsche 356, Porsche Carrera GT…

Претходно, на Google Maps беше објавена и виртуелна тура од овој музеј. До истата можете да пристапите ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK