Во која земја во Европа ги возат најстарите автомобили?

ОБЈАВЕНО НА:

Според едно интересно истражување направено од страна на АUTО-Соnsulting, на почетокот на 2021 година, просечната старост на автомобилите во Украина е 22,7 години. Со ваков показател автопаркот во Украина е најстариот возен парк во Европа.

За според, просечната ситауција на возраста на автомобилите во Европа е 10,8 години. Во продолжение ќе можете да видите каква е ситуацијата со другите земји на Стариот континент.

Меѓу лидерите се Велика Британија со средна возраст на возниот парк од осум години, Франција со девет, Германија со 9,5 години. Во Холандија и Италија возрасниот дијапазон е 10-11 години. Апсолутниот шампион во Европа со резултат од 6,4 години е Луксембург. Меѓу аутсајдерите е Бугарија која го дели претпоследното место со Летонија со 16,9 години.

Средната возраст на автомобилите во Русија е 13,6 години. Слични показатели се забележуваат во Португалија (12,9 години) и Полска (13,9). Малку повисоки се оние во Чешка (14,8) и Грција (15,7).

Треба да се има предвид дека во последните десет години возниот парк во Европа исто така има остарено, за околу година и пол. Штетата од стареењето на возниот парк е очигледна. Според АUTО-Соnsulting просечната возраст на автомобилите влијае не само врз животната средниа, туку и над безбедноста на движењето. Новите модели имаат посовршен каросерии и во однос на пасивната безбедност.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK