Во Австралија дозволени емотикони на регистарските таблички (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Австралиската држава Квинсленд е првата во светот која дозволи на регистарските таблички да се додаваат емотикони, пренесуваат медиумите во оваа далечна земја.

Возачите од Бризбејн, Кејмс, Голд Кост ќе имаат можност персонализираните таблички со емотикони и други додатоци да ги нарачаат од PPQ (Personalised Plates Queensland) започнувајќи од следниот месец од кога влегува на сила и овој зако.

Портпаролот на RACQ (Royal Automobile Club of Queensland), Ребека Мајкл изјави дека емотиконите се едноставен начин возачите да ја искажат својата креативност претставувајќи се при тоа себе си. При тоа портпаролот во изјава за австралиските медиуми појасни дека на една табличка може да има само еден емотикон, а при тоа тој нема да биде дел од регистарскиот број односно ќе има само декоративна улога.

Персонализираните регистарски таблички не се новост во светот. Колку се тие примамливи говори и фактот што во април минатата година бизнисменот Саед Абдул Гафур Хоури плати 14,3 милиони американски долари за да ја добие табличката со број 1 во Абу Даби.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK