Внимавајте ако купување половно возило од странство: Во овие земји најмногу се враќа километражата!

ОБЈАВЕНО НА:

Половните возила стануваат се побарани сега, но и во минатото нивниот број на продададени парчиња во однос на новите во некои земји е повеќекратно поголен. Често се вели дека купување половен автомобил е „купување мачка во вреќа“ особено ако е непозната сервисната историја на возилото. Секако дека ризикот да бидете измамени при купување на половен автомобил секогаш постои.

Но, тоа многу често зависи и од земјата од кад епотекнуваат автомобилите. Според пишувањето на Cаrvertical, постојат земји каде враќањето на километражата на возилата на секундарниот пазар е „нормално“. Зависи само колку „кругови“ ќе биде враќањео.

Carvertical спревеле истражување гледајќи приближно 900.000 извештаи за историјата на автомобилите собрани во текот на 2021 година. Балтичките земји како единица имаат најлоши бројки врз основа на нашите наоди. Летонија е на прво место, со над 24% од прегледаните возила покажуваат знаци на неовластено отворање на километражата. Не заостануваат Естонија и Литванија кои ги заземаа 3-то и 4-то место.

Сепак, балтичките земји се мал пазар. Кога станува збор за голем број возила со ваков тип на измами, треба да се погледне уште на исток и југ, во земји како Романија (второ место), која има стапка на враќање на километражата од речиси 20%, како и Русија и Украина.

Се издвојуваат и Полска (12%) и Унгарија (14%), како и Чешка, Словачка, Словенија, Хрватска и Србија, каде што околу 10% од сите автомобили имаат вратена километража.

Овој проблем е поретко во побогатите западноевропски земји, каде што луѓето имаат тенденција да купуваат понови автомобили. Но, сепак, проблемот таму е почест отколку што мислат повеќето луѓе! Колку е скапа измамата со лажна километража?

Проблемот со измамите со километражата е што тоа е „тивок“, но скап проблем. Според Европската комисија, измамата со километражата предизвикува штета од околу 9,6 милијарди евра годишно.

Многу користени автомобили во Источна Европа доаѓаат од пазарите во Германија, Франција, Белгија, Холандија и Италија.

Дури 30% -50% од овие автомобили продадени преку границите имаат лажна километража. И додека економската штета може да биде тешко да се пресмета, механизмот е прилично едноставен:

Кога купувате автомобил со лажна километража, преплаќате (приближно 25%). На крајот ќе платите уште повеќе за поправките. Ќе ви биде навистина тешко да го продадете автомобилот во иднина. Затоа треба да с евнимава кога се купува половен автомобил.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK