Внимание: Нема водење љубов во кола – казната е огромна

ОБЈАВЕНО НА:

Водењето љубов во автомобил е нормална појава, но за љубовниците од Србија може да биде и проблематична ако ве фати полицијата. Според српските медиуми полицијата тргнува во лов на љубовџите кои имаат секс на јавно место. Казната за тоа е од минималните 5.000 до максималните 150.000 динари (од 50 до 1.300 евра).

Колку ќе платат зависи од тоа колку ќе се „ремети јавниот ред“. Според наведените примери, ако водите љубов на паркинг тогаш казната е до 20.000 динари, а ако тоа се прави пред минувачи тогаш глобата ќе скокне до 150.000 динари.

Пријави ќе се пишуваат на на паровите кои се многу гласни во сопствените станови, а казните за тоа се од 5.000 до 10.000 динари.

Засега овие казни се само за Србија, но кога нешто се „смислува“ во соседството, истото може наскоро да стигне и до кај нас. А дотогап, уживајте.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK