Вклучил автопилот и добил казна од 18 месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Прашање на време беше кога и тоа ќе се случи. Британец доби 18 месеци забрана за управување со моторно возило откако го вклучил автопилот модот на својот автомобил и го напуштил возачкото седиште.

Овој 39 годишниот бил снимен како седи на совозачкото седиште од својот Tesla Model S кој се движел со автопилот системот. Иако (не целосно) автономен, возењето во оваа состојба е забрането во Велика Британија каде постоечките законски регулативи не предвидуваат возење на автономни возила на јавните патишта.

Пател ја признал вината, но и покрај тоа тој доби 18 месеци забрана за управување, а ќе мора да обави и 100 часовна јавна работа и да присуствува и на десет дневен рехабилитациона програма како и да плати околу 1.800 британски фунти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK