Важно е да знаете: Како да го намалите ризикот од пукање на гумата

ОБЈАВЕНО НА:

Оштетувањата на гумите можат да се појават во секое време од годината, но најчесто тоа се случува во текот на летото. Луѓето обично возат подолги релации преку лето, а тогаш има и повеќе реконструкции на патиштата. Во текот на пролетта и есента поради смрзнувње и нагли промени на температурата, асфалтот почнува да се поткрева, а тоа често води и до дупки. Лошите услови на патот често придонесуваат и за пукање на гумите.

Пукањето е најчестиот дефект кај гумите, а главни причини за тоа се клинците, штрафовите и скршени камења на патот.

Фактот дека пукањето на гумите не е нешто невообичаено се гледа и од резултатите од последното проучување на Nokian Tyres кај европските возачи. За период од пет години близу 40% од возачите на автомобили во сите држави вклучени во проучувањето имале барем еднаш до двапати пукната гума.Пукањето најретко се случува во Германија каде 69% од возачите немале искуство со пукање на гума ниту еднаш во период од пет години.

Како да спречите пукање на гумата

Пукањето на гумата не може да биде избегнато целосно. Донекаде можат да бидат спречени, а и штетите намалени, но притоа треба да има придржување кон потребното. Прво треба да има внимателно возење, а доброто управување со притисокот е многу важно. Поновите модели на автомобили се снабдени со ситемот за следење на притисокот на гумите (Tyre Pressure Monitoring System, TPMS), кој го проверува и сигнализира кога тој ќе почне да опаѓа. Ако возилото ви го нема тој систем тогаш е потребно да го проверувате притисокот на гумите барем еднаш на секои три недели.

Точниот притисок значително го продолжува животот на гумите. Различните производители на автомобилски гуми нудат свои препораки за притисокот, а тие се базирани главно на посакуваните карактеристики за возење и удобноста при возење.

Советите велат дека соодветниот притисок е многу важен бидејќи доколку тој е 20 проценти помал, тогаш гумите се намалуваат за 50 проценти. Затоа ефектот е многу значаен. Препораките велат да се зголеми притисокот доколку возилото е потешко од вообичаеното. Ако притисокот не се зголеми, тогаш страната на гумите ќе почне да се искривува нанадвор и тоа ќе го зголеми ризикот за општетување.

Повеќето возачи не го проверуваат редовно притисокот. На пример во Германија само 36% од возачите го проверуваат редовно притисокот и тоа еднаш месечно. Ситуацијата е иста и во други европски држави како Полска, Чешка, Франција и Италија. Возачите на автомобили од Бугарија и Романија, пак, се најревносни во однос на ова прашање. Проучувањето исто така покажува дека една четвртина од возачите во Европа го проверуваат притисокот на гумите пред секое подолго патување.

Почитување на безбедно растојание за возење

Друг клучен елемент за безбедност на патиштата е почитувањето на безбедно растојание во однос на возилата кои се движат како пред така и зад вас. Покрај тоа, ако еден неочекуван настан, како што е пукање на гума на вашето возило, одржувањето на растојание ќе одигра голема улога во спасувањето на животот. Затоа, секогаш треба да се одржува предвидено растојание за да се спречат опасните ситуации. За жал, тоа не го прават сите возачи.

Резултатите од проучувањето исто така покажуваат дека во просек само околу 50% од европските возачи редовно го следат безбедното растојание за време на возење. Тоа најретко се случува во Чешка, каде само 37% од возачите изјавуваат дека редовно возат на безбедно растојание. Најсовесни во тој дел се возачите од Италија, Бугарија и Полска. Во секој случај имате на ум дека ако ситуацијата е опасна или ако ви пукне гума за време на возење на автопат, повикувањето на помош на пат е секогаш добра идеја.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK