Учете ги сообраќајните правила преку игра и боенки (Цртежи)

ОБЈАВЕНО НА:

Ако веќе ги исцрпевте сите идеи како да го забавувате вашето дете додека седите дома, еве една интересна идеја. Ем ќе ги учите сообраќајните правила, а од друга страна ќе можете и да цртате. Ќе имате квалитено потрошено време.

Семафорко е првата веб страна за децата која има цел едукација на намладите учесници во сообраќајот и намалување на бројот на дечиња повредени и загинати во сообраќајните незгоди на патиштата во Република Македонија.

„Семафорко“ е веб страна каде што ќе прочитате интересни и едукативни текстови за воразсните и ќе најдете интересни боенки за најмладите.

На веб страницата на семафорко ќе најдете 28 различни боенки, со различна содржина, но сите поврзани со сообраќајот.

* превозни средства
* пешаци
* сообраќајни правила
* сообраќајни знаци

Едноставно, испринтајте ги и заедно со вашите најмлади членови почнете да учите и да цртате. Секоја минута во едукација може да ве спаси од незгодни ситуации.

Ако и тоа брзо го минете, тогаш одите на следното ниво. Тука има боенки од Audi и Mercedеs, со нивните модели. Идеално за квалитено потрошено време.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK