TUV Report 2021: Кои се најквалитетните користени автомобили под 5000 евра?

ОБЈАВЕНО НА:

Во годишниот извештај на германската организација TUV која спроведува милиони технички прегледи во Германија објавeна е листа на најквалитетни автомобили. Од големата база се издвоени најквалитетните користени автомобили чија цена е до 5.000 евра.

Ова е статистика на возила според староста, а цената од 5.000 евра или пониско кај повеќето автомобили ќе може да се оствари со оние кои се со постари години на производство.

Меѓу автомобилите кои се стари две до три години, победникот според квалитет е Kia Venga.

1.Kia Venga (тип YN), време на проиводство 2010-2019: технолошки убедливо возило, без изразени мани.

2.Toyota Yaris (тип XP13), време на производство 2011-: се појавуваат проблеми со предните светла.

3.VW Polo (тип 6R/6C), време на производство 2009-2017: добар квалитет, а подоцна се јавуваат дури проблеми и со компонентите на сопирачките.

Меѓу возилата кои се стари од четири до пет години рангирањето е следното:

1.Seat Altea, време на производство 2004-2015: автомобилот кој е поквалитетен од „роднината“ Touran, а повремено се јавува и истекување на масло.

 

2.Skoda Fabia (тип NJ), време на проиводство 2014-: убедлив автомобил, а проблемите се јавуваат во дисковите на сопирачките.

3.Toyota Verso, 2009-2018: квалитетно возило, а проблемите се јавуваат со светла и понекогаш со кочниците.

Меѓу возилата кои е стари од 6 до 7 години овие се најдобри:

1.Mazda3 (тип BL), време на производство 2009-2013: постарите модели се дури и подобри од оние новите. Повремено се јавува истекување на масло. Инаку, се работи за исклучително квалитетен автомобил.

2.Mazda2 (тип DE), време на производство 2007-2014: одлично возило, а проблемите понекогаш се јавуваат со зглобовите на управувачот.

3.Mini (тип R55-R59), време на проиводство 2006-2014: понекогаш се јавуваат проблеми со предните светла.

Како е кај возилата стари од 8 до 9 години:

1.Volkswagen Golf Plus, време на производство 2004-2015: само понекогаш се јавуваат проблеми со светлата.

2.Honda Jazz II (тип GE), време на производство 2008–2014: исклучителна издржливост, а единствено се јавуваат проблеми со дисковите на сопирачките.

3.Mini (тип R55-R59), време на производство 2006-2014: потрошувачка на масло е единствениот поголем проблем во тоа годиште.

Возила стари од 10 до 11 години:

1.Honda Jazz II (тип GE), време на производство 2008–2014: исклучителна издржливост, а единствено се јавуваат проблеми со компоненти на сопирачките.

2.Volkswagen Golf Plus, време на производство 2004-2015: само понекогаш се јавуваат во проблеми со светлата.

3.Volkswagen Golf VI, време на производство 2008-2012: повремено зголемување на потрошувачката на маслото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK