Требаше да биде наследник на Phaeton – ама никогаш не се појави на улица

ОБЈАВЕНО НА:

Иако неодамна престана да се произведува и немаше најавено наследник, модел VW Phaeton наполни 20 години и компанијата со голем стил ја прославува годишнината. Две децении по лансирањето на својот водечки седан, Volkswagen го покажа прототипот на втората генерација на Phaeton што може да се вози, а кој никогаш не стигна до производство, иако беше прилично блиску.

Уште во 2016 година, одборот на VW одлучи да го прекине производството на Phaeton од гамата, во корист на електрификација. Сепак, равојот на следната генерација веќе беше во тек, како што е докажано со овој прототип кој беше блиску до сериско производство. Тогаш, постојано читавме извештаи за новиот Phaeton, при што високи функционери отворено сугерираа дека моделот ќе се врати – очигледно пред конечната одлука за пензионирање на на седанот.

Целосно функционалниот модел што го гледате на официјалните фотографии излезе од темната гаража на дизајнерската канцеларија на VW, покажувајќи ни што би можело да биде. Со кодно име „Phaeton D2“, тој беше дизајниран од Марко Павоне (шеф за надворешен дизајн) и Томаш Бачорски (раководител за внатрешен дизајн), избран меѓу четири различни предлози. Се чини дека моделот е малку подолг од 5.060 mm (199,2 инчи) на неговиот претходник и поблиску до 5.172 mm (203,6 инчи) на најновиот Audi A8.

Во однос на стилот, има традиционални пропорции и многу хромирани акценти во контраст на црна боја со висока рефлексија. Напред, решетката е поставена пониско, опкружена со големи фарови со прилично сложена LED графика, плус конзервативно меѓусебно поврзани доводи на браниците. Нискиот профил има многу сличности со Audi A8, со карактерна линија слична на VW C Coupé GTE од 2015 година. Позади VW играше безбедно со познатите стилски знаци на минималистичкиот браник и пар задни LED светла кои малку потсетуваат на Audi A6.

Поимпресивна е внатрешноста на Phaeton D2, со висококвалитетни материјали и високотехнолошки карактеристики. Врвот е заоблениот дисплеј кој на крајот беше претставен на пазарот во 2018 година како „Innovision Cockpit“ на VW Touareg. Можеме да видиме и дигитална табла со инструменти, акценти на дрво на контролната табла, вратите и воланот, кожа во бела боја и фенси дезен на тапацирот на седиштата.

Phaeton D2 е изграден на архитектурата MLB која е основа на бројни модели во групацијата VW, вклучувајќи ги Audi A8 и VW Touareg. VW не даде детали за погонската група, но, со оглед на времето на развој, сигурни сме дека plug-in хибридните варијанти биле во игра. Интересно е што уште еден седан со ознака VW базиран на платформата MLB, Phideon, беше претставен во Кина во 2016 година и останува во продажба откако доби фејслифт во 2020 година.

Phaeton беше претставен во 2002 година и доби четири надградби / фејслифтинг помеѓу 2007 и 2014 година пред да биде прекинат во 2016 година. Phaeton беше понуден со различни мотори, вклучувајќи го славниот W12, неконвенционалниот V10 TDI и помејнстрим V8, V6 и V6 TDI. Моќта се испраќаше или на предните или на сите четири тркала преку автоматски менувач. Другите карактеристики вклучуваат стандардна пневматска суспензија со адаптивно амортизација, алуминиумски панели на каросеријата, врвни материјали во кабината и високотехнолошка опрема за стандардите на 00.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK