ТЕСТ на ADAC: Кои зимски гуми се препорачуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Dunlop, Michelin, Goodyear и Vredestein се препорачаните гуми. Има и причина зошто е тоа така.

Германскиот автоклуб ADAC секоја година кога зимата е на прагот и треба да се сменат летните ги прави тестовите на гумите со оценка за нивната препорака. Сезонава добиените резултати се доста измешани. Беа тестирани зимски гуми за автомобили од средна класа како што се BMW 3 или Audi А4 и модели од компактна класа како што се VW Golf или Opel Astra.

Тестирани се димензии кои се најчесто користени. И тоа 18 гуми со димензија 225/50 R17 и 16 гуми со димензија 195/65 R15.

Меѓу 18 гуми со големина 225/50 R17 (средна класа) имаше три добри резултати, 13 задоволителни и два лоши модели.
Овде можете да ги видите резултатите од тестирањето

Кај 16 -те гуми со големина 195/65 R15 (компактна класа) изгледа малку подобро. Овде има четири модели означени како „добри“, 11 се со „задоволителни“ резултати и еден со „доволни“.
Овде можете да ги видите резултатите од тестирањето:

Причините за двајцата губитници на тестот Goodride и Linglong се следните: И двете гуми покажуваат сериозни недостатоци на снег или влажно. Goodride се однесува најлошо од сите гуми при сопирање на снег, има големи недостатоци при стартување на снег и може да се управува само многу бавно и непрецизно. Пример од тестот: Потребни се околу 25 секунди повеќе време за еден круг на патеката за управување со снег долга 1,2 километри отколку најдобрата гума со оваа големина.

Слично е и со Linglong, има големи слабости на влажни патишта. Дали сопирање, аквапланирање или управување – овој модел на гуми никогаш не го прави добро на влажно време. И тука, е пример од тестот: Во споредба со Bridgestone, кој исто така беше тестиран, Linglong има единаесет метри подолго растојание за сопирање при брзина од 80 км/ч до конечно застанување.

Препорачани гуми во средната класа се моделите од Dunlop, Michelin и Goodyear. Сите три даваат добри резултати во сите главни критериуми. Dunlop, исто така, успева да биде најдобар од сите тест гуми во снег и Michelin во однос на абењето.

Истите марки плус моделот Vredestein може безрезервно да се препорачаат за компактната класа. Овие модели постојано постигнуваат добри резултати во главните критериуми за однесување при возење во мраз, снег, влажни услови, абење и потрошувачка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK