Teнк како лимузина и може да се изнајмува (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Тенкот Limo веројатно е првиот и единствениот продолжен тенк на светот кој е можно да биде изнајмен. Се наоѓа во Велика Британија, а со него управуваат бизнис партнерите Ник Мед и Том Чемберлен. Така оние кои сметаат декa изнајмувањето на Bentley или Rolls-Royce за специјални моменти повеќе не е хит сега имаат невообичаена алтернатива.

Приказната со тенковите на Ник Мед почнала пред 30 години кога купил два. Во тоа време целта му била еден од нив да го задржи, а другиот да го продаде.

Сепак, и пред да му биде испорачан, една компанија барала да го изнајми така што за услугата успеал да врати повеќе од пола од парите кои ги вложил. Тоа било знак дека има одлична бизнис можност со тенковите.

Продолжениот тенк е потполно легален за возење на патиштата низ Велика Британија, но мора да користи гасеници со гумена заштита. Тежок е 17,5 тони, а максималната брзина со која смее да се движи е  32 км/ч.

Иако тенкот е голем и тежок со него, сепак, е лесно да се управува бидејќи се врти во средина. Имал само еден инцидент кога откинал ретровизор на комби во Лондон. Најниската цена по која моѓже да се изнајми тенкот е 1600 фунти односно 1762 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK