Зборувајте преку Skype во Volvo 90

ОБЈАВЕНО НА:

Во минатото кога бевте во автомобил значеше дека сме „отсечени“ од канцеларијата и за миг ќе може да одморите од секојдневните обврски. Но, сегашното ниво на можност за поврзување на автомобилите и секојдневниот напредок им овозможува на бизнисмените повторно да бидат на „линија“ со оние што им требаат.

Со новата серија на Volvo 90, како моделите S90, V90 и XC90 е можно да бидете на линија со колегите преку Skype for Business.

Овој Skype for Business е продолжение на популарниот сервис за пораки на Skype. Има дополнителна функционалност и можност да закажува состаноци и да почне конверзација од апликации како Ворд и Пауер Поинт, но и подобрена безбедност.

Во некои од возилата на Volvo; ќе можете да ги видите следните закажани состаноц и детали за оние што треба да ви бидат соговорници, и да се вклучите на состанокот само со притискање на едно копче на централниот дисплеј. Според Volvo ова ќе значи и подобрена безбедност, бидејќи веќе на да има потреба од користење на телефонот кој би требало да се држи во рака, ниту да се грижите од внесување на пинот.

Од друга страна возилата ќе може да се претворат и во подвижни канцеларии, но тоа би било возможно со поголемата автономност и со зголемното само управување на возилото во иднина. Ова е само почеток на новата ера на поврзување на возилата со новите технологии.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK