Задолжително: Сите нови возила мораат да го имаат овој систем за безбедност

ОБЈАВЕНО НА:

Здружението на автомобилски производители во Европа (АЦЕА) најави дека почнувајќи од 31 март, автомобилските компании ќе мора во сите свои автомобили да го имаат системот за автоматско известување на итна помош во случај на сериозен сообраќајна несреќа.

“ECall има потенцијал да спасува животи, да го скрати времето за реакција на екипите на брза помош”, коментираат од ACEA. “Тоа значи дека брза помош, противпожарни возила и полициските патроли ќе можат да интервенираат многу побрзо во решавачкиот период од еден час по инцидентот”.

Воведувањето на eCall е само една од многуте технологии развиени за намалување на последиците од сообраќајните несреќи. Гледајќи кон иднината, технологијата за активната безопасност- што може да спречи појава на инцидентите, ветуваат сериозен потенцијал за понатамошно подобрување на безбедноста на патиштата, како пример за тоа е автоматската интервенција кога возачот нема да успее да реагира на време.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK