Во Русија ќе градат патишта од пластика

ОБЈАВЕНО НА:

Супер молекуларниот полиетилен со висока густина (UHMW PЕ) е исклучително здрав и стабилен материја, но е доста скап и има ограничена примена поради сложениот процес на преработка во готови делови. Научниците од Новосибирск тврдат дека успеале да пронајдат начин да ја упростат технологијата за производство до тој степен што цената ќе падне 15 пати и ќе може да се користи за утврдување на патокази.

Идејата од UHMW PЕ е да се изработат засилувачки мрежи, што треба да бидат поставени на асфалтот и да го заштитуваат од рушење. Полимерот издржа на екстремно ниски температри, што според Русите ќе ја зголеми отпорноста на алфалтот и ќе го продолжи рокот меѓу ремонтите.

Барањето на UHMW PЕ на глобално ниво има вредност од околу 30 милијарди американски долари (27 милијарди евра) на годишно ниво, а пазарот расте за околу 15% на секои 12 месеци. Научниците од Новосибирск, кои развија нова технологија сметаат дека таа може да и помогне на Русија од главен увозник да стане главен извозник на овој материјал.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK