Уникатен систем за филтрирање на воздухот во автомобилите на Volvo (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Новата технологија на Volvo - Advanced Air Cleaner е опремена со сензор, кој ја мери чистотата на воздухот до ексремно ниско ниво на загадувени честички (PM 2.5), што е уникатно на автомобилскиот пазар.

Компанијата Volvo објави дека во употреба воведува револуционерен и уникатен систем за автомобилската индустрија за пречистување на воздух во автомобилот.

Истиот му гарантира на возачот и неговите сопатници исклучително високо ниво на чистота на воздухот, како и можност за пречистување пред претстојното патување.

Новата технологија на Volvo – Advanced Air Cleaner е опремена со сензор, кој ја мери чистотата на воздухот до ексремно ниско ниво на загадувени честички (PM 2.5), што е уникатно на автомобилскиот пазар.

Технологијата Advanced Air Cleaner, која е интегрирана и во мобилната апликација на компанијата „Volvo On Call“ е достапна за сите членови на семејствaта 90 и 60 на Volvo, кои се развиени на модулната SPA платформа на брендот и ветува пречистување на воздухот во кабината.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK