Toyota измисли како да не ги мешате педалите

ОБЈАВЕНО НА:

Наместо сопирачка стиската гас, наместо гас, сопирачка. Тоа во иднина не би требало да биде проблем. Особено кај возилата со автоматски менувач каде што има само две педали, за сопирање и за гас. Па и ако по грешка силно стиснете на педалот за гаста нема да има проблем.

Јапонскиот производител на автомобили Toyota објави дека ќе почне да ги опремува своите модели со нов систем за безбедност што нема да дозволи да ги смешате педалите за гаста и сопирање, пишува Јомиури Шимбун. Според компанијата, ова драматично ќе ги намали сообраќајните незгоди како резултат на нагло ненамерно забрзување.

Новите системи за Тојота работат со помош на цензори за да ја прочитаат силата на притисокот на педалата на гасот. Ако биде силно притисната возилото нема веднаш да тргне. Тоа значи дека во ситуација ако треба да сопрете, а вие наместо тоа стиснеме на гаста возилото нема да забрза. Според сегашните системи, возилото не забрзува ако сензорите прочитаат присуство на ѕид, возило или друга пречка.

Технологијата ќе биде имплементирана најпрво во моделите Prius и Aqua до крајот на годината, но нема да биде достапна само за нови производи туки и за постарите модели.