Skoda користи вештачка интелигенција за дијагностика во сервисите (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Апликацијата Sound Analyser на Skoda ги запишува звуците од работата на автомобилите, а потоа вештачката интелигенција ги споредува и анализира врз основа на претходно измерена аналогија.

Од Skoda Auto објавија дека компанијата се наоѓа во процес на испитување на новиот систем со вештачка интелигенција, која е во состојба да ги дијагностицира постапките во сервисите на брендот.

Иновациската технологија, наречена Sound Analyser, претставува апликација за мобилен телефон и ветува брза и безбедна првична проценка на неопходност од дополнителна сервисна интервенција при проценката на вкупната техничка состојба на автомобилот.

Апликацијата Sound Analyser на Skoda ги запишува звуците од работата на автомобилите, а потоа вештачката интелигенција ги споредува и анализира врз основа на претходно измерена аналогија. Во случај на отстапувања, системот е во состојба да го утврди изворот на нетипичен звук и соодветен проблем и да понуди можни решенија за отстранување на неисправноста, а на овој начин може да биде постигнато реално намалување на времето, кое превозното средство би го поминало во сервисот.

Sound Analyser е во состојба да препознава потенцијални дефекти со точност од над 90% во десет области, вклучувајќи го и системот за контрола, климатска инсталација, спојки и други, а од Skoda ветуваат и дополнително ширење на функционалноста на апликацијата.

Во моментов Skoda спроведува испитувања на Sound Analyser во сервисните центри во 14 држави, а вклучени се Германија, Русија, Австрија и Франција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK