Сега достапно за сите: Хед-ап дисплеј со гласовно управување (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Многу современи автомобили се нудат со функција за проектирање на податоците од контролната табла до шофершајбната преку хед-ап дисплеј. Сопствениците на постари автомобили без оваа корисна технологија исто така ќе добијат можност да имаат корист од искуствата понудени од Xiаоmi.

Кинеската компанија ја претстави новата верзија на уредот Саrrоbоt Smаrt HUD, кој беше пуштен во продажба минатата година по цена од 70 долари. Основната разлика од претходниот модел е присуството на гласовно управување.

Новиот проекциски дисплеј се монтира пред воланот и покажува брзина, потрошувачка на гориво, навигација и други податоци. Гласовниот помошник дозволува и да биде поставена и трасата.

Од Xiаоmi тврдат дека дисплејот обезбедува висок квалитет од кое било осветлување. Поврзано е преку ОBD-пoртот на автомобилот, а цената е 499 јуани (нешто повеќе од 65€).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK