Русите развија магнетна клима

ОБЈАВЕНО НА:

Инженерите од Националниот истражувачко-технолошки унивезитет во Москва „МИСиС“ и Државниот универзитет во Тверс создадоа нов систем за ладење во кој работното тело не е течност која се претвора во гас туку е магнетизиран метал. Русите тврдат дека солидниот магнетен систем ги надминува традиционалните механизми на гас-компресор за 30%-40%.

Новиот систем за ладење користи магнитокалоричен ефект во кој металот ја менува температурата при магнетизирање. Технологијата не е нова, но според високиот научен соработник на „МИСиС“ Дмитриј Карпенко, тој и колегите првпат успеале да постигнат вистински студ.

Магнетокалоричните системи создадени во последните 20 години можат само да одржат одредена температура, но не и да ладат. Русите го решиле овој проблем со каскаден ефект. Решеточнаа структура на металот гадолиниум е ставена во специјално тркало, кое со голема бризна се врти во магнетно поле.

Екипата создаде нов систем за ладење, а планира да развива каскаден принцип за зголемување на температурниот опсег на магнетокалоричниот ефект. Во моментов тој е 10 степени, но се планира да биде зголемен до најмалку 12-15.

Карпенко забележува дека димензиите на создадениот лабораториски прототип не надминуваат 15 сантиметри. Инженерот смета дека компактни магнетокалорични уреди можат да се користат во автомобилските клими и системи за ладење за микропроцесорна техника.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK