Револуција на батериите на Toshiba: 6 минути полнење = 300 км. возење

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот проблем на електричните возила во моментов е нивната цена и дометот со едно полнење на батеријата. Некогаш е потребно полнење од неколку часа за да може батеријата да се наполни, и потоа да овозможи солиден досег. Со новата батерија на Toshiba тоа може да се смени, бидејќи според изјавите на компанијата со само 6 минути полнење ќе може да се вози 300 км.

Од корпорацијата Toshiba, тврдат дека имаат развиено револуционерна батерија со име SCiB за електрични возила. Главната предност на новиот акумулатор е во забрзаното надополнување – 6 минути обезбедуваат 300 километри километражата. Но, процесот бара многу висока моќност при полнењето.

Освен тоа предноста на акумулаторот SCiB се одликува со висока долговечност според производителот. Батеријата складира до 90% од својот капацитет и по 5000 циклуси на полнење. Ова се постигнува на сметка на употребата на специјална анода направена од титаниум ниобиум оксид, додека во современите акумулатори се користат аноди кои содржат графит.

Според директорот на истражувачкиот центар на Toshiba доктор Озаму Ори, новата технологија ќе направи револуција во индустријата. Производството на новите акумулатори SCiB се планира да започне во почетокот на 2019-та година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK