Иновација за поголема безбедност: Воздушно перниче и меѓу седиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Напредокот во активната безбедноста на автомобилите не стои на едно место. Постојано се бараат нови решенија за заштита на патниците во случај на судир. Еден од најопасните удари е страничниот при кој има можност дури да се удрат еден во друг и патниците во автомобилот.

Последната новина во таа насока е можноста за да има воздушно перниче меѓу седиштето на возачот и совозачкото седиште. Предлогот е на Hyundai, кој сака да го активира новиот тампон во моментот на несакано влијание.  Во таква непријатна ситуација излегува воздушното перниче меѓу возачот и патникот, со оглед на тоа што на тој начин ги заштитува двете глави од удар една во друга.

Новото централно странично воздушно перниче е инсталирано во возачкото седиште и се активира веднаш штом сензорите детектираат релевенатнаи инертни сили поради страничен удар. Тогаш воздушното перниче се распоредува во просторот меѓу возачот и совозачот. Ако седиштето на патникот не е зафатено, воздушното перниче го штити возачот од ефектите од судир во десната врата.

Производителот очекува бројот на повредите на главата што се резултат на судир со автомобилот да се намали за 80 проценти и преку употреба на воздушно перниче. Според статистиката на Европската асоцијација на автомобили ACEA околу 45 проценти од последователните штети предизвикани од несреќа, главно се предизвикани од ударот на главите на патниците напред или од ударот на главата на возачот во внатрешноста.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK