Паметен Босанец: Изум од БиХ во новите модели на Mercedes-Benz

ОБЈАВЕНО НА:

Одговорните лица во Mercedes-Benz го добиле патентот на Зоран Вујиновиќ од Кнежево „Трофазен ротационен мотор на Тесла со внатрешно согорување“, па сега истиот е на тестирање кај Daimler AG.

Вујиновиќ вели дека веќе е успешно завршена техничката фаза откако претходно на наведениот произведувач на моторни возила му биле доставени дополните и објаснувањата за патентот.

„На патентниот застапник Mercedes-Benz му ја доставивме патентната апликација за проверка на формалноста и тие за појаснување ќе го контактираат Институтот за интелектуално власништво во БиХ. После тоа очекување отворање на разговори за моделот за соработка на проектот. Со оглед на тоа дека се работи за пронајдок кој ќе ја промени иднината на примена на погонски агрегати во сите области на глобално ниво, јасно е дека по тој основ и државата БиХ може да очекува одредени бенефиции од овој проект што нагласува одговорност на сите учесници во процесот“, наведе Вујиновиќ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK