Откритие: Автомобилите место бензин ќе користат пиво

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во Англија почнаа да го користат талогот од кафето како замена за горивото во јавниот превоз, од истата земја пристигаат вести дека и пивото може да биде замена за бензинот. Експертите по хемија од универзитетот во Бристол поминале неколку години во разработување на технологија која може широко достапниот етанол да го претвори во бутанол.

Кога станува збор за бутанолот тој е далеку подобра алтернатива отколку широко користениот етанол, кој има пониска густина на енергија и може да донесе до кородирање на моторот. Истражувањата покажале дека чистиот и сув етанол може да се преработи во бутанол и тоа во лабораториски услови. Во моментов се работи на прецизирање на технологијата, а за таа цел се користи ферментиран пивски квасец.

„Алкохолот во алкохолните пијалоци практично е етанол. Тоа е истата молекула која сакаме да ја претвориме во бутанол и на тој начин да го замениме бензинот. Ако технологијата работи одлично со алкохолните напитоци особено со пивото тогаш таа има потенцијал да стане уште покорисна“, вели професорот Данкан Вас.

Според прогнозите во моментов користењето на ваквата технологија ќе биде можно најверојатно за околу пет години.