Новиот повеќеаголен волан на BMW

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2021 година на пазарот би требало да се појави новиот знаменосец на компанијата од Баварија. Тоа ќе биде електромобилот BMW iNext, што ќе добие редица на нови технологии, а во таа бројка ќе биде и нестандардното и високотехнолошко опремување на внатрешноста.

Порано од компанијата соопштија за огромен заоблен дисплеј, кој ќе ги обедини функциите на сите сегашни прибори на таблата, а сега од BMW покажаа и нов волан за претстојниот знаменосец. Кормилото е доста поразлично од стандардните волани, а најистакната карактеристика е тоа што не е тркалезен туку со многу агли.

Според експертите од BMW при оваа конфигурација ќе може многу поточно да се определи аголот на тркалата. Уште нешто интересно е и тоа дека формата ќе му дозволи на возачот да ја менува положбата на нозете и при долги патувања тие нема да се вкочануваат.

И на крај, овој управувач ќе му дозволи на возачот да ги гледа подобро информациите од новата целосно дигитална табла. Оптичко влакно е вградено на површината на иновациското кормило, кое испушта различна светлина што означува каков е режимот на автономното возило.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK