Нова технологија: Руските патишта ќе имаат суперасфалт

ОБЈАВЕНО НА:

Новата технологија за асфалтирање на улици при што се земаат предвид и климатските карактеристики на секој регион ќе дозволи зголемување на издржливоста на асфалтот од 4-5 години до дури 12 години. Ова е соопштено од страна на Федералната патна агенција во Русија.

Методот за проектирање на патишта познат под името „Суперасфалт“ ќе го зема предвид не само влијанието на атмосферските услови туку и тоа колку е густ сообраќајот. Од Росавтодор тврдат дека откако ќе биде распоредена технологијата, капителните ремонти ќе бидат правени еднаш на секои 24 години.

“Суперасфалт” има и друга предност. Се работи за можноста за повторно користење на матријалите со што се намалува вредноста на израдбата. Технологијата веќе е користена за поставување на 550 километри патна покривка и се тестира веќе три години. Сепак, цената на овој асфалт е доста повисока и нема да се користи насекаде.