Нов изум: Електромобилите во Шведска се полнат во движење (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај значителниот напредок во развојот на електричните автомобили и батерии за полнење, дополнувањето на таквите возила до денес одзема значително повеќе време отколку полнењето на автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

Технолошката компанија од Израел, ЕlесtRеоn разви систем, кој може да ги полни автомобилите во движење. Во теорија доколку таквиот систем се користи универзално, автомобилската индустрија може да произведува помали батерии, што од своја страна би довело до поевтини и попросторни автомобили.

За полнењето во движење, специјалните бакарни намотки се наоѓаат под асфалтот на патот, а истите се поврзани со блоковите за управување, поставени покрај патот, како и со електричната мрежа. Автомобилот треба да биде опремен со специјален енергетски приемник. Основниот недостаток за овој систем е тоа што за да се инсталирања, површината на патот мора да се асфалтира одново.

ЕlесtRеоn неодамна заврши со тестирањето во градот Готланд во Шведска на пат во должина од 1,65 километри. Првото превозно средство, наполнето на пат во движење беше електричен камион.

 

Тестирањата покажаа дека може да се генерира моќност до 70 КW при различни брзини до 60 км/ч. За време на експериментот се покажадека ниту снегот ниту мразот не пречат на полнењето на батеријата.

Компанијата очекува да почне да го користи овој пат, откако ќе ги добие сите дозволи од властите. Потоа планира да тестира поголем број на превозни средства, кои ќе се полнат во исто време.

ЕlесtRеоn веќе опремил 700 метри од пат во Тел Авив со сличен систем (меѓудругото властите во Израел планираат да запрат со продажбата на превозни средства со мотори со внатрешно согорување до 2030 година).

Автомобилските компании работат засилено во оваа насока. За потсетување неодамна Vоlkswаgеn претстави робот, кој може да полни електрични автомобили. Тој е во состојба самостојно да ја отвори вратичката за полнење и да се поврзе со кабел до електричниот автомобил.

И новиот претседател на САД,Џо Бајден објави дека ќе ги префрли американските службеници на електрични автомобили. Сега американскиот возен парк вклучува повеќе од 600.000 автомобили со мотори со внатрешно согорување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK