Mercedes-Benz прославува 40 годишнина на ABS технологијата

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Mercedes-Benz заедно со Bosch прославуваат 40 години од воведувањето на ABS (anti-lock braking system) системот, систем без кои денес не е замислив ниту еден автомобил.

Се започна во 1978 година кога германскиот производител во моделот W116 за прв пат го вгради овој систем на сите четири тркала, а истиот изработен бил од германската компанија Bosch.

Всушност почетоците на овој систем датираат уште во 1920 години кога французинот Габриел Војзин започнал да тестира и експериментира со системи за хидраулично кочење. Во наредните 30тина години постојано се унапредувал овој систем, а веќе во 70те години бројни автопроизводители како Chrysler, Toyota, Nissan и Fiat користеле слични системи. Овие системи се основа на ABS, но пионери на модерниот и современиот ABS е токму Mercedes-Benz.

Две години подоцна Mercedes-Benz го воведува овој систем достапен кај повеќето свои модели во понудата, а од 1992 година тој е стандардна опрема кај сите автомобили на германскиот производител. Денес речиси и да нема автомобил без овој систем, а благодарение на овој систем автомобилите се многу побезбедни и посигурни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK