Mazda развива гориво од алги

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај тоа што електричните автомобили стануваат популарни, а многу аналитичари сметаат дека тие се иднината, одредени компании активно работат на развој на друг вид алтернативно гориво.

По Toyota и Hyundai кои работат на развој на погон на водород, Mazda периодов активно работи на развивање на биогориво од алги.

Како дел од својата стратегија за 2030 година, а во соработка со неколку јапонски универзитети, Mazda развива технологија која од микроалгите се добива биогориво чија просечна емисија на CO2 е далеку помала од моменталните горива кои се добиваат на традиционален начин.

Микроалгите се добиваат со помош на генетски инжинеринг и при тоа во технолошкиот процес, влијанието врз околината е незначително.

Првиот прототип автомобил кој ќе го користи овој вид на гориво Mazda треба да го претстави во наредните неколку години.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK