Кој владее кај електричните возила: Топ-10 најпродавани во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Колку што е важно да се биде меѓу најдобрите светски производители на автомобили, и да се биде на најразличните листи, така компаниите сега многу внимание посветуваат на развојот и брзиот продор на електричните возила во светот. Бројките на овие автомобили е далеку помала во однос на оние со моторите со внатрешно согорување, па ако се спореди продажбата на месечно ниво се гледа дека електричните модели сѐ уште се само желба, иако таа желба станува реалност од дена на ден.

Пет од Топ-10 најдобро продаваните електрични автомобили во светот не се изненадувачки, и се работи за кинески модели. Листата на најдобрите десет електрични возила според продажбата во првите девет месеци од 2017 година е дело на британската аналитичка компанија JATO Dynamics, која спроведе студија за глобалниот пазар на електромобили.

Компактниот кинески модел BAIC EC180 е прв на листата со 37.900 возила. Во првите десет, има уште четири кинески електрични автомобили. Нема ништо изненадувачки за ова, бидејќи тие се лидери во електро мобилизацијата и ги прават сите напори да бидат успешни. Во Кина, купувачите се среќни да купуваат локални производи, бидејќи увезените автомобили, вклучувајќи електрични автомобили, се предмет на високи акцизни давачки и даноци.

На второто место е Nissan Leaf, трет е Tesla Model S.

Топ -10 листа:

1. BAIC EC180 – 37 900 возила
2. Nissan Leaf – 35 400,
3. Tesla Model S – 33 200,
4. Geely Zhidou – 32.600,
5. Tesla Model X – 23.500,
6. Renault Zoe – 23.200,
7. BYD Surui – 21.700,
8. Geely Emgrand EV – 16, 500,
9. Chevrolet/Bolt EV – 16 000,
10. JAC IEV5 – 15 300

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK