Камери наместо ретровизори – ЕУ и Јапонија ги одобриja, во САД ќе се тестираат

ОБЈАВЕНО НА:

Напредната технологија зазема значително место во современите автомобили. Една од последните иновации се однесуваат на ретровизорите кои наместо традиционалното огледало добиваат камери.

Бројни европски и јапонски производители како Audi, Lexus, Honda ги најавија овие ретровизори во своите автомобили, но регулативите може да бидат пречки за нив.

Додека Европската Унија и Јапонија го одобрија користењето на овие ретровизори, во САД најпрво ќе се тестираат, ќе се утврдува влијанието, позитивните и негативните страни, а потоа ќе се одлучи дали ќе се одобрат или не.

Тоа значи дека последниот збор ќе го имаат од NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration), а според едно истражување, возачите не би сакале да користат ваков вид на ретровизори.