Како изгледа моторот по поминати 695.000 км? (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Некој автомобили едноставно не застануваат, особено ако истите се опремени со дизел мотори. Еден од таквите автомобили е Skoda Octavia која има поминато 695.000 км. Токму овој автомобил е дел од најновото издание на Car Throttle.

Водителите љубопитни и спремни да откријат што се случува под хаубата поточно со моторот спроведоа целосен преглед на овој автомобил. За таа цел истиот е однесен кај VW специјалист со цел да се отвори моторот и погледне внатре за точно да се утврди како оваа неверојатна километража влијаеше на состојбата на моторот.

Иако можеби и вие на прв поглед ја претпоставувате ужасната состојба на моторот, сепак изненадување или не, состојбата на моторот беше одлична. Така наместо дебели слоеви на јаглерод и леплива нафта, овој 1.9 литарски дизел мотор како да само излегол од фабрика. Во сервисот му беа сменети само неколку периферни делови со цел праќање на автомобилот во мисија, од Лондон до Нирбургринг и назад со само еден резервоар.

Оставајќи ја мисијата настрана, водителите откриваат дека тајната во добрата состојба на моторот се крие во доброто одржување кое подразбира користење на квалитетни делови, но и квалитетна нафта што во пракса е најголемиот предизвикувач на проблеми кај моторот доколку истата е со сомнителен квалитет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK