Измислија батерија со која ќе се вози 1.000 км. без полнење

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните возила се во мода, и се повеќе внимание се посветува на нив, нивната издржливост, траењето на батеријата и колку време ќе може да се мине со едно полнење. Засега проблем се батериите односно колку енергија тие може да складираат. Но, секојдневно се појавуваат нови иновативни решенија.

Едно од нив доаѓа од Швајцарија. Тамошната компанија Innolith објави дека измислила нов тип на батерија за електричните автомобили. Според нив, наскоро ќе се појави електрично возило, кое благодарение на нивните иновативни батерии ќе може да вози над 1.000 километри со едно полнење.

Според швајцарските специјалисти, нивните батерии имаат густина од 1000 вати на килограм – индикатор кој е четири пати повисок од оној на батериите што се користат во електричните возила на Tesla.

Претставниците на Innolith не откриваат повеќе детали за нивната нова батерија. Тие само велат дека користат нови материјали за заштеда на енергија и ризикот од самозапалување е многу помал. Сепак, ќе биде потребно три до пет години за да се заврши технологијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK