Huawei ја носи 5G мрежата во автомобилскиот свет

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот технолошки гигант Huawei Technologies објави дека компанијата го создаде првиот хардвер благодарение на кого 5G мрежата ќе стане дел од автомобилите.

Амбициозната компанија во официјално соопштение вели дека нивната хардверска компонента MH5000 се базира на Balong 5000 5G чипот кој беше премиерно претставен во јануари годинава.

Горди на својот производ, од Huawei наведуваат дека станува збор за првиот 5G модул наменет за автомобилите кој ќе направи комплетна еволуција во автомобилскиот свет и технологијата како дел од современите автомобили.

Од компанијата не открија во кој автомобил премиерно ќе биде воведена оваа хардверска компонента, а голема е шансата тоа да биде некој од кинеските производители особено ако се знае дека во последните неколку години Huawei има непосредна соработка со FAW, Dongfeng и Chengan.