Honda измисли револуционерни батерии за автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Истражувачите од јапонската компанија Honda објавија дека успеале да пронајдат доста добра замена за јон-литиумските батерии. Иновацијата е наречена флуорид-јонски акумулатор, кој е измислен од страна на Јапонците после анализа на истражувањата направени во Техничкиот институт во Калифорнија при NASA.

Според специјалистите, новите батерии се со различен хемиски состав, а тоа дозволува да се користат материјали со висок енергетски интензитет и со намалено ниво на влијание над околината. Единствениот проблем за новиот флуорид-јонски акумулатори е високата температура при која работат 150 степени.

Од Honda објавија дека се речиси готови со еден подобрувач, кој ќе дозволи без проблеми работа на новите батерии при постојани температури. Новиот елемент, кој дозволува нормлна работа на флуорид-јонските акумулатори е создаден од стабилен течен флуориден електролит, кој се добива од сол на тетраалкиламониевиот флуорид, растворен во ограничен флуориран етерен растворувач.

Од компанијата велат дека новите батерии ќе бидат десетпати поенергетски од досегашните јон-литиумдки и ќе бидат во основа на сите идни електромобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK