Електричното Volvo XC40 со дополнителен багажник под хаубата (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Ветувањето дадено при објавувањето на целосно електричната верзија на хит СУВ моделот XC40, веќе се исполнува од страна на Volvo, кој почна да ги запознава своите клиенти со интересни факти за електромобилот пред премиерата.

Овој пат од Volvo откриваат детали за дизајнот на електричниотавтомобил  поточно за слободата, која ја добиле при елиминирањето на задолжителните елементи, поврзани со нормалното функционирање на еден модел со класичен мотор со внатрешно согорување.

Типични примери тука се недостатокот на издувен систем, целосно новото оформување на предната решетка со интегрирани сензори на системот ADAS (Advanced Driver Assistance Systems) за помагање при управувањето и друго.

Електричното Volvo XC40 ќе се нуди во осум различни бои на бандажите, ќе биде вклучена стандардна опрема со констрасно црн таван, целосно нова форма на интерфејсот на борд системот, а под хаубавта е оформено дополнително товарно одделени со капацитет од 30 литри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK